Мој Документ/ Moj Dokument

4.9 (69)

أعمال | 18.3MB

تفاصيل التطبيق

Апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“ е проект на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола во соработка и помош од Ротари клуб Широк Сокак Битола, која има за цел да ги доближи и да ги направи подостапни информациите за одредени административни процедури и постапки до сите граѓани на Р. Македонија.
Живеејќи во опшество во кое постојано се генерираат нови административни процедури и во кое имаме честа промена на законите, лоциравме дека за граѓаните претставува потешкотија да стигнат до потребните информации при остварување на нивните права, односно како да стигнат до потребните документи.
Поради тие причини ја создадовме апликацијата „МОЈ ДОКУМЕНТ“ преку која на брз и лесен начин сите граѓани можат да дојдат до систематизирани информации и обрасци за повеќе од
четириесет административни процедури,, ќе го сведат на минимум времето потрошено низ административните лавиринти и секако ќе ги охрабрат во остварувањето на нивните права.
„МОЈ ДОКУМЕНТ“ опфаќа шест институции, со кои граѓаните остваруваат најинтензивен контакт во нивниот секојдневен живот, и тоа: Основен суд, Агенција за катастар на недвижности, Министерство за внатрешни работи, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување и Управата за водење на матични книги. Апликацијата дава можност секој корисник потребните информации и обрасци за издавање на бараниот документ да си ги испрати на својата електронска пошта, како и истите да ги испечати.
Се надеваме дека апликацијата ќе ја постигне својата цел, односно дека истата ќе допринесе за подобра достапност на граѓаните до информациите и остварувањето на своите права. Плановите за во блиска иднина се апликацијата да биде дополнета со информации, процедури и обрасци од уште три нови институции со кои граѓаните остваруваат чести контакти.

Show More Less

المعلومات

تحديث:

الإصدار: 1.1

نظام الأندرويد المتوافق: Android 4.1 or later

التقييم

مشاركة

ما قد تحب